Црна Гора повеќе не сонува, туку очекува да стане 28-та ѕвезда на ЕУ до 2028 година
Црна Гора е единствената држава од земјите на Западен Балкан која ги отвори сите преговарачки поглавја со ЕУ. Затворени се (привремено) само седум, но проценките и на Подгорица и на Брисел се дека земјата би можела да заврши со техничкиот дел од преговорите веќе следната година.
Црна Гора е најмалата земја во Западен Балкан, и по површина и по број на жители. Но, кога станува збор за евроинтеграцискиот процес, е земја со најголема амбиција – до 2028 година да стане 28-та членка на Европската Унија.
„Ние напредуваме и возможно е доколку завршиме во 2026 година со техничкиот дел со преговорите, тогаш во 2028 г. можеме да го добиеме 28-от член на Европската Унија“изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Од Брисел пристигнуваат оптимистички пораки дека Црна Гора може да го заврши процесот на пристапување до 2028 година. Но, зад таа волја, стои и обврска бидејќи сите поглавја се отворени, а само малку од нив се затворени. Прашањето е дали земјата ќе покаже доволно капацитет за реформи, за навистина да ја претвори оваа цел во реалност.
Прочитајте повеќе на 360степени.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е…
Египет може да се приклучи на новопотпишаниот…
ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…
Европската унија го заврши првото полугодие од…
Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…
ЕУ гарантира итна помош по земјотресот во…
Европската Унија издвои во првиот круг 100.000…