Туск: Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор

t

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема спор околу тоа дека Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор и летаат без дозвола над територијата на Полска.

– Сакам да бидам многу јасен: без дискусии ќе донесуваме одлуки за соборување… Тука нема за што да се дискутира, им рече Туск на новинарите во Шераковице во Померанијанското војводство.

Сепак, тој предупреди дека во нејасни ситуации треба добро да се размисли пред да се донесе одлука. Како пример, наведе дека минатата недела два руски МИГ-а ниско прелетале над полската нафтена платформа Петробалтик на Балтичкото Море, го нарушиле ветото за летање над платформата, но не го повредиле воздушниот простор на Полска.

Во таков случај, „мораме да се консултираме со сојузниците“, рече Туск, бидејќи „Полска мора да биде стопроцентно сигурна дека и нејзините сојузници гледаат исто“ на конкретниот случај, за „да не бидеме сами ако конфликтот ескалира“.

Тој рече дека продолжува потрагата по остатоците од руските дронови кои во ноќта на 10 септември навлегле длабоко во воздушниот простор на Полска. Туск додаде дека „Русите не кажале колку ги имало“, а досега е утврдено дека ниту еден од пронајдените не бил вооружен, па не можел да предизвика штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…

Туск: Полска не сака војна, но ја…

Полска не сака нови битки и се…

Полска спречи атентат врз американско-украински државјанин, Туск…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска соопшти дека…

Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…

Полската економија станува се позначајна во Европската…

Туск: Полска не беше цел на објектот…

Полска не била цел на ракетата за…