Ирански пратеници бараат земјата да поседува нуклеарно оружје
Седумдесет и еден од вкупно 290 ирански пратеници бараат Иран да поседува нуклеарно оружје поради воените тензии со Израел.
Тие испратија писмо до Врховниот совет за национална безбедност во кое бараат преразгледување на одбранбената доктрина поради сменетата ситуација во регионот.
Пратениците истакнуваат дека светот се променил, наведувајќи дека Израел е „на работ на лудило“ и напаѓа „без оглед на меѓународните обврски“. Според нив, поседувањето нуклеарно оружје за одвраќање нема да го прекрши декретот на ајатолахот Али Хамнеи, кој е највисок политички и религиозен авторитет во Иран.
Иран со години нагласува дека не се стреми да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран често се повикува на фатвата на ајатолахот Хамнеи, со која се забранува развој и употреба на оружје за масовно уништување.
Тензиите се зголемија во јуни кога Израел почна 12-дневна војна против Исламската Република, на која се придружија и САД, напаѓајќи ги клучните ирански нуклеарни постројки. Конфронтацијата, исто така, ги интензивираше дипломатските спорови меѓу Техеран и западните земји, кои го обвинуваат Иран дека се обидува да се здобие со нуклеарно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…
Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…
Истече рокот за постигнување договор меѓу САД…
Рокот од 60 дена утврден со меморандум…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…