Запалено „БМВ“ во Аеродром, зафатено и второ

t

На 24 септември 2025 година, околу 03:15 часот, на улицата „Владимир Комаров“ во Скопје избувнал пожар во паркирано патничко возило марка „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на 19-годишен скопјанец Ј.Ј. Од огнените пламенови било оштетено и друго паркирано возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.П. (46) од Скопје.

Во инцидентот нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. – Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сафари возило полно со туристи слета…

Возило за сафари полно со швајцарски туристи…

Осум граѓански организации бараат Владата да го…

Осум граѓански организации бараат од Владата итно…

Возач удрил 79-годишна жена и побегнал

Седумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена…

Предложен притвор за едно лице за избоденото…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Кремљ најави можна средба меѓу Путин, Трамп…

Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека…