Иран во ОН: Не сакаме нуклерано оружје
Иран нема намера да произведува нуклеарно оружје, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан пред Генералното собрание на ОН, неколку дена пред евентуалното повторно воведување на меѓународни санкции врз Техеран поради неговата нуклеарна програма.
„Тука, пред ова собрание, повторно велам дека Иран никогаш не се обидел и никогаш нема да се обиде да произведе нуклеарна бомба. Ние не сакаме нуклеарно оружје“, рече Пезешкијан.
Велика Британија, Франција и Германија (т.н. група Е3) започнаа 30-дневен процес на 28 август за повторно воведување на санкциите на ОН врз Иран, кои истекуваат на 27 септември, обвинувајќи го Техеран дека не го почитува нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили, чија цел е да го спречи да развива нуклеарно оружје.
Европските сили понудија да го одложат повторното воведување на санкциите до шест месеци за да се овозможи простор за преговори за долгорочен договор доколку Иран им дозволи на инспекторите на ОН пристап до неговите нуклеарни постројки, ги реши загриженостите за неговите залихи збогатен ураниум и преговара со САД.
Пежешкијан ја обвини таканаречената група Е3 дека го иницирала процесот на враќање на меѓународните санкции кон Иран „по налог на Соединетите Американски Држави“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…
Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…