СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија?!
За огромен криминал во Малешевијата уапсени беа 15 лица, меѓу нив и директори, полициски началници и шумски полицајци, осомничени за злосторничко здружување и пустошење на шуми со штета од над 100 милиони евра. – изјави во денешната прес – конференција, Маја Борозан од редовите на СДСМ.
Но, она што е симптоматично е молкот на ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто е овој молк?
Дали ДПМНЕ молчи затоа што во „периметарот“ на акцијата се наоѓа и началникот на шумската полиција и воедно кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Митко Костадиновски?
Дали како создавачи на ова злосторничкото здружение се токму началниците на ОВР Делчево и шумската полиција, партнерите во криминал Блашко и Митко?
Дали истите двајца го координирале движењето на незаконски исечената дрвна маса за да заврши во една делчевска компанија од дрвната индустрија?
ДПМНЕ и Костадиновски должат одговори на овие прашања.
Костадиновски е началник на шумската полиција, има највисока раководна позиција на органот кој е задолжен да ја чува шумата, да ги спречува уништувачите на шумите, бесправните сечи и шумските кражби.
Или началникот на шумската полиција Митко Костадиновски е инволвиран, или кандидатот за градоначалник на општина Виница од ВМРО ДПМНЕ е неспособен соодветно да ја извршува својата функција.
Трето нема.
Уште пострашно, Костадиновски има и судска пресуда од 2012 година за недозволено држење оружје и муниција.
Ете ова е „кадарот“ што ВМРО-ДПМНЕ им го нуди на граѓаните.
Митко Костадиновски не може и не смее да биде прв човек на Виница.
Граѓаните заслужуваат подобро и затоа ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, ќе покажат дека сакаат промени, чесни и одговорни луѓе. – додаваат од опозициската партија СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
13-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ –…
Тринаесетгодишно дете се бори за живот откако…
Мицкоски за дата центрите: Јасно е каде…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска при…
Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…
Два големи американски воени авиони биле забележани…
11 земји од ЕУ бараат да се…
Единаесет земји членки на Европската унија бараат…
Десет автомобили изгореа ноќеска во Нов Белград,…
Десет автомобили изгореа ноќеска во Нов Белград,…