Во Гостивар уапсени тинејџери од Турција, полицијата им пронашла марихуана

t

Лишени од слобода двајца турски државјани, кај кои при претрес во домот во кој живеат во Гостивар била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, ноќеска (01.10.2025) во 01:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.А.К.(18) и М.Ј.(19), двајцата од Република Турција со привремен престој во Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа, во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска наредба извршен е претрес во домот во кој живеат, при што е пронајдена и одземена ќеса со марихуана.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица повредени со остар предмет, во…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(37)…

Дејан Јованов останува во притвор 30 дена

На Д.Ј. од Кочани, првообвинет во случајот…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…