МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники!
МВР го потврди немилиот настан во Виница каде активист на ВМРО-ДПМНЕ претепал кандидат за советник од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
– На 02.10.2025 во 18:20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Д.М.(37) од Виница. Имено, по преземени мерки, утврдено е дека околу 11:25 часот пред угостителски објект во Виница, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Д.М. и И.С.(40) од Виница. Притоа, И.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кочани бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Увид на местото изврши екипа од СВР Штип – ОВР Виница, Д.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – информираа утрово од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот…
МВР го потврди немилиот настан во Виница…
Левица: Иако Тошковски и Мицкоски целосно застанаа…
Иако министерот Тошковски и премиерот Мицкоски целосно…
За една недела над 40 лица лишени…
Во рамки на тековните оперативни активности од…
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на…
Деветмина возачи лишени од слобода, 540 санкционирани…
Во текот на вчерашниот ден (21.09.2025) како…