АФЖ Левица: Во Македонија не постои задолжителен и функционален национален скрининг за рак на дојка – апелираме за итно решавање на проблемот

t

Во Македонија сè уште не постои задолжителен и функционален национален скрининг за рак на дојка.

Здруженијата и стручната јавност со години алармираат дека државата мора да воведе задолжителен скрининг за сите жени на возраст од 40 до 69 години, а матичните лекари да ја преземат одговорноста за редовно упатување на пациентките на овие прегледи. – се вели во соопштението на Левица.

Во пракса, ситуацијата е алармантна:

– во многу болници низ државата апаратите за мамографија не функционираат;

– термини нема;

– голем број жени се приморани да патуваат во други градови за да направат преглед, а често немаат ниту организиран превоз за тоа.

Овие услови се неприфатливи и претставуваат сериозен пропуст во системот на јавно здравство. Според извештај на Државниот завод за ревизија, во 2023 година за скрининг-програми биле потрошени 22,9 милиони денари (околу 370.000 евра), но резултатите се разочарувачки – опфатот е низок, нема јасни индикатори, а дел од пациентките чекале со месеци или воопшто не добиле резултати. Навремениот скрининг може да открие болест во најраната фаза и да спаси живот.

Затоа, АФЖ Левица бара од институциите:

– скринингот да биде редовен, достапен и задолжителен;

– резултатите да се добиваат брзо и сигурно;

– да се поправат и функционализираат сите апарати низ државата;

– да се обезбеди еднаква достапност до скрининг за сите жени, без оглед на местото на живеење.

,,Розовиот октомври” не смее да остане само симболика! „Розовиот октомври” не се само розеви балони и бонбони! Зад симболиката треба да стои суштинска, системска грижа за здравјето на жените од страна на државата.

АФЖ Левица е за систем кој детално се грижи за женското здравје! Ние им ја даваме нашата морална поддршка на сите жени – борки! Заштитата започнува со регулирана превенција. Секој навремено откриен случај е шанса за нов живот. – додаваат од АФЖ Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: Пожарот кај Никуштак е вон контрола,…

Состојбата со пожарите во Македонија и натаму…

Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…

По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Заврши одморот за пратениците

Со одржувањето на денешната Работна сесија на…

Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…