Објавено на:

Хамас и Израел разменија списоци со заложници

t

Американскиот план предвидува прекин на војната, отфрлање на анексијата и присилните раселувања, како и меѓународни напори за безбедно повлекување на израелските сили од Појасот Газа.

Висок претставник на Хамас, Тахер Ал-Нуну, денеска изјави дека преговарачите од неговата организација и Израел размениле списоци на затвореници и заложници кои би биле ослободени доколку се постигне договор на тековните преговори за примирје во Газа, што се водат во Египет.

Ал-Нуну исто така рече дека Хамас е оптимистичен во однос на постигнување договор, наведувајќи дека групата покажала потребна позитивност.

Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абдел Аати претходно потврди дека во Шарм ел-Шеик се одвиваат разговори помеѓу делегациите на Хамас и Израел. Тој додаде дека арапските земји ќе ги поддржат мировните договори со Израел доколку дојде до завршување на конфликтот, пренесе агенцијата Ал Арабија.

Шефот на египетската дипломатија потсети дека американскиот план предвидува прекин на војната, отфрлање на анексијата и присилните раселувања, како и потреба од заеднички меѓународни напори за безбедно повлекување на израелските сили од Појасот Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хамас и Израел разменија списоци со заложници

Американскиот план предвидува прекин на војната, отфрлање…

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во…

Шведската активистка Грета Тунберг изјави дека нејзе…

Нетанјаху: Кој и да крене рака против…

Одбележувајќи ја втората годишнина од нападот врз…

Трамп: „Јас сум на страната на Израел“,…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник се…

Претседателот на Палестина го повика Хамас да…

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денес пред Генералното…