НАТО започнува голема нуклеарна вежба
Годишната НАТО-вежба за нуклеарно одвраќање Steadfast Noon започнува следната недела во Холандија, со учество на повеќе од 70 воени авиони од 14 земји-членки на Алијансата, соопштија официјални лица.
Вежбата ќе се изведува од воздушната база Volkel, каде денес говореше генералниот секретар на НАТО, Марко Руте, нагласувајќи дека станува збор за јасна демонстрација на сила и одлучност на Алијансата.
„Оваа вежба испраќа јасна порака до секој потенцијален противник дека можеме и ќе ги заштитиме сите наши сојузници од било каква закана“, рече Руте.
Покрај базата Volkel, во вежбата се вклучени и воени бази во Kleine Brogel (Белгија), Lakenheath (Велика Британија) и Skrydstrup (Данска).
Руте потенцираше дека одржувањето вакви вежби е клучно за зачувување на кредибилитетот и безбедноста на нуклеарното одвраќање.
Иако во вежбата не се користи вистинско нуклеарно оружје, се симулираат сценарија во кои тоа би можело да се употреби.
Директорот на НАТО за нуклеарна политика, Џим Стокс, изјави во Брисел дека Steadfast Noon е „рутинска“ вежба, која не е насочена кон ниту една земја и не е поврзана со актуелни светски настани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО започнува голема нуклеарна вежба
Годишната НАТО-вежба за нуклеарно одвраќање Steadfast Noon…
НАТО утре ќе се состане на барање…
Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на…
НАТО распоредува турски систем за воздушен надзор…
НАТО ќе го распореди турскиот систем за…
Естонскиот министер за одбрана: НАТО е подготвен…
Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур синоќа…
НАТО ќе користи турски систем за воздушен…
Зачестените напади во воздушниот простор на источните…