Бод како планина, Македонија ремизираше со Белгија во Гент

t

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари целта, остана непоразена во Белгија откако одигра реми со фаворизираниот ривал (0-0) и го сочува првото место во групата од во квалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2026 година се игра воСАД, Мексико и Канада.

Во првото полувреме тотална доминација на Белгија но успеавме да го задржиме резултатот 0-0.

На стартот на второто полувреме, Милевски направи измени. Влезе Чурлинов на местото на Ашковски кој имаше жолт картон и беше под закана за исклучување, додека Милан Ристовски го замени Бојан Миовски .

Сепак, Белгија продолжи да притиска, ама нашиот голман Столе Димитриевски трипати ги одби налетите на ривалите и ја продолжи фрустрацијата на домаќинот кој важеше за огромен фаворит. Како течеше времето, така се нижеа шанси пред голот на Македонија, но немаше гол. Фудбалските Богови беа со нашиот национален тим кој одолеваше.

Играта беше уште подеструктивна, очекувано, затоа што овој бод повеќе ни одговараше нам, отколку на противникот, за кого ремито без голови е рамно на катастрофа.

И по ова реми Македонија е на врвот во групата со 12 бода, пред Белгија која има 11 бода.

Третопласиран е Велс со десет бода, но има и еден натпревар помалку. Следен предизвик за тимот на Благоја Милевски е домашен дуел со Казахстан, закажан во понеделник од 20:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од струшко истепан од сосетката, му…

На 28 август 2026 година во 20:40…

Тетовец го тепал полицаецот кој го запрел…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 37-годишен…

Сахарска прашина го замати охридското небо, во…

Охрид денеска се најде под слој од…

Жена од струшкото село Шум пријавила дека…

На 28.08.2026 во 11:30 часот, лице на…

Ангелов: Тежок пожар на Пелистер, намерно е…

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на…