Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ги демантираше лагите изнесени на прес конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација. Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив, фактот што контроли имало насекаде е најсилна потврда дека ниту сум влијаел, ниту постои било каков обид за тоа.
Овие лаги кои ги шири власта се очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели, во момент кога јавноста веќе знае дека токму нивни функционери, од сите ешалони на власта, биле директно инволвирани во случајот „Пулс“ а сега се заштитени.
Сакам да им порачам дека со спинови и лаги не може да се побегне од фактот дека власта ја попречува правдата за трагедијата во Кочани.“ стои во објавата на Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил…
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за…
Од утре секој ден по 15 часот…
Од утре, ќе има мирни јавни собири…
Пендаровски двапати бил во Кочани: Запалив свеќа…
Јас како поранешен претседател бев двапати во…
Во сабота – „Марш за ангелите“ од…
Ве известуваме дека во сабота, 11 октомври…
(Видео) Ова е надеж дека некое дете…
Зборуваме во име на оние 62 души…