Во сообраќајка на експресниот пат Штип-Велес попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

t

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал маж, а 18-годишно момче е тешко  повредено. Увид  направила  екипа на СВР Штип, потврдија од МВР.  На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.

Како што информираат од  Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за несреќата биле повикани во 14.20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата – на крстосницата кон село Иванковци кај силосите.

Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој  починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.

По укажаната прва медицинска  помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.

Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево  информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес е во прекин во двата правца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сообраќајка на експресниот пат Штип-Велес попладнево…

Во директен судир на две патнички возила…

Автомобил удри во пешак и неговото куче,…

Четириесет и петгодишен пешак од Битола се…

Битолчанец прегазил 21-годишна девојка од Гостивар

21-годишна девојка од Гевгелија, која престојувала во…

(Видео) Две возила дел од сообраќајка два…

Два и пол часа не е расчистен…

Судир на булевар Александар Македонски – моторџија…

Моторџија од Скопје (32) се здобил со…