На НАТО му е потребен поефикасен систем за соборување на беспилотни летала

t

Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека НАТО мора да развие поефикасен начин за соборување беспилотни летала отколку користењето на борбени авиони Ф-35, повикувајќи се на искуството од неодамнешните напади со беспилотни летала над Полска, пренесува Политико.

Брекелманс им рече на новинарите пред состанокот со министрите за одбрана на НАТО во Брисел дека Холандија планира да издвои 90 милиони евра за набавка на беспилотни летала наменети за Украина и ги повика другите земји-членки да го зголемат својот придонес во пакетот воена опрема и муниција за Украина, познат како Листа на приоритетни барања,, наведува Политико.

Тој истакна дека координацијата во рамките на НАТО е клучна за зајакнување на одбраната и поддршка на Украина.

Тој исто така нагласи дека Холандија ги поддржува напорите на НАТО за обединување на моментално различните регулативи и правила за ангажман на сојузниците за мисиите на источното крило.

„Многу е важно да работиме на тие регулативи и да ги направиме пообединети“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На НАТО му е потребен поефикасен систем…

Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави…

Руте: Посилни сме од Русија, не мора…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера…

Британски авиони летале во мисија со САД…

Британија денеска соопшти дека порано оваа недела…

НАТО за турските дронови: Секоја воздушна активност…

Потребно е секоја активност во воздушниот простор…

НАТО започнува голема нуклеарна вежба

Годишната НАТО-вежба за нуклеарно одвраќање Steadfast Noon…