(ФОТО) Во Струга се руши куќата на Владо Малески, културно наследство на градот
Соопштение на ОО СДСМ Струга по повод “бруталното рушење на домот на Владо Малески”.
Ги повикуваме сите надлежни институции во најкраток можен рок да го истражат случајот и да ги изведат пред лицето на правдата сите оние кои денес си зедоа за право да избришат дел од културното наследство на Струга. И не само на Струга, туку и на Републиката.
Овој чин ја поткопува довербата во институциите. Нерасчистувањето на ова културно злосторство ќе покаже дека има поединци и групи кои се над законите, над сѐ она што е наследство.
Струга отсекогаш ја негувала културата, Струга е градот со кој жителите се гордеат со своите културни дејци, Струга ја чува културната меморија, и така сакаме да продолжиме.
Затоа, во име на стружани, бараме итно постапување и одговорност. Нема да дозволиме овој нецивилизациски чин да биде ставен во дневнополитички наратив, затоа што Малески е многу повеќе од тоа.
Наследството на Владо Малески е столб на нашата култура и идентитет. Бараме правда и заштита на преостанатото културно богатство. Одговорните мора да сносат последици!


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…
Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е…
Проширувањето на Европската Унија претставува една од…
Вооружен грабеж во обложувалница во Струга
Од МВР информираат дека надворешната канцеларија за…
Со години пријавувал закани во МВР и…
На 14 март во Струга е запалена…
Мојсоска поднесе инивијатива за вонреден надзор на…
Пратеничката од Струга, Јована Мојсоска, поднесе иницијатива…