Мојсоска: Ја срушија куќата на Малески, а една година “не можат” да ја срушат дивоградбата во струшката чаршија!

t

*Фејсбук статус на кандидатката за градоначалничка на Струга од редовите на Левица, Јована Мојсоска

„Струга денес изгуби еден од најзначајните културни објекти и симболи на антифашистичката борба, куќата на истакнатиот припадник на НОБ – големиот Владо Малески. Во овој историски објект, на 23 септември 1941 година, во присуство на членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу одржа конститутивен состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко.

Се руши куќата на Малески, додека ОЈО Струга ЕДНА ГОДИНА не постапува по моите пријави за дивоградбата во самиот центар на струшката чаршија (и веќе се гради трет спрат). Струга е узурпирана од градежни мафијаши, алчни политиканти и заробени институции кои секој ден го убиваат културниот и антифашистичкиот дух на Струга.

За ваквото сквернавење на споменот на авторот на македонската химна, низа инстититуции ќе мора да дадат одговор КОЈ и КАКО дозволил рушење на овој објект – со имиња и презимиња за одговорност!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…

Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…

52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…