Денеска се празнуваат Светите свештеномаченици Дионисиј Ареопагит, епископ Атински, Рустик презвитер и Елефтериј ѓакон
Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши философска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Египет беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина, се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, поради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Ерусалим со цел да ја види Пресвета Богородица и средбата со неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител, светиот апостол Павле, пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. За неговиот труд многумина незнабошци се обратија кон верата Христова. Во Париз, Дионисиј изгради малечка црква во која Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, сè додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, која заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…