Жители на охридски села десет дена немаат телефон и телевизија – за да се јават, пешачат по два километра
Жителите на охридските села Велмеј, Брежани и Лешани, во Општината Дебарца, десет дена немаат сигнал за мобилна телефонија и интернет од двата оператора, „А1“ и „Телеком“, а претплатниците на „Телеком“ немаат ниту телевизиски сигнал. На 6 октомври неколкупати снемало струја и оттогаш настанал проблемот во овие села, во кои главно живеат стари и изнемоштени луѓе, пишува „Сакам да кажам“.
Жителите велат дека иако е реагирано до операторите, до „ЕВН“, како и до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), досега никој не дошол ни да го утврди, а камоли да го отстрани проблемот.
„Оваа состојба е животозагрозувачка и особено тешка, бидејќи во наведеното подрачје живеат претежно стари и изнемоштени лица. Отсуството на основни комуникациски средства го отежнува нивниот секојдневен живот, оневозможува комуникација со нивните семејства и што е најважно, ги спречува да повикаат итна помош во случај на здравствена или друга опасност“, вели за „СДК“ Драге Голабоски од Велмеј, село со 250 жители, од кои најстариот има 92 години.
За среќа, вели тој, досега немало потреба од брза интервенција која ќе значи спасување живот.
„За да оствариме контакт по мобилен, одиме по два километри“, вели Голабоски.
Тој и денеска пешачеше за да раскаже дека револтот од ден на ден е сѐ поголем, а младите веќе размислувале да се иселат оти, според нив, во 21. век недозволиво е некој да ти го скрати основното право на комуникација, пишува „СДК.мк“.
Компаниите чијашто обврска е да обезбедат сигнал за телефон и телевизија велат дека работат на решавање на проблемот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жители на охридски села десет дена немаат…
Жителите на охридските села Велмеј, Брежани и…
Нетанјаху: Израел ќе ги постигне сите цели…
Израел ќе ги постигне сите свои цели…
Костовски: Советник од ЗНАМ нападна активисти на…
Во пресрет на завршувањето на изборната кампања,…
Последен поздрав за Панчо: Граѓаните и соработниците…
На гробиштата во Бутел попладнево ќе биде…
Ацевски: Стојкоски под превезот „населба за млади“…
Под превезот населба за млади брачни двојки,…