Објавено на:

Авганистан и Пакистан се согласија за прекин на огнот

t

Авганистан и Пакистан се согласија на моментален прекин на огнот на разговорите во Доха, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар.

„За време на разговорите што започнаа во саботата во Доха, „двете страни се согласија за моментален прекин на огнот и воспоставување механизми за консолидирање на траен мир и стабилност“, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар во соопштение објавено на Икс.

Условите на договорот не беа откриени, но ќе следат состаноци меѓу авганистанските и пакистанските претставници за да се обезбеди неговото спроведување.

Пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Асиф, потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот и рече дека двете страни ќе се сретнат повторно во Истанбул на 25 октомври.

Преговорите беа водени со посредство на Катар и Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна покрив на училиште во Пакистан, загинаа…

Голема трагедија го потресе Пакистан откако се…

Одрон во рудник за злато во Авганистан,…

Пет рудари загинаа во одрон во рудник…

Пакистан го повика в.д. амбасадорот на Индија…

Пакистан го повика денеска вршителот на должноста…

Саудиска Арабија доби воена помош од Пакистан

По ескалацијата на конфликтот во Јемен, Пакистан…

Талибанците одбележуваат 5 години повторно на власт,…

Талибанските власти и други официјални лица се…