Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од локалните избори во 2021 година
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека партијата е на праг на голема победа и очекува да освои повеќе гласови и градоначалници во споредба со локалните избори во 2021 година.
-Ова беа мирни и успешни избори, можеби најпримерните во нашата понова историја. Заслугата е на граѓаните – им благодариме за одѕивот и желбата да ја наградат нашата работа. Очекуваме огромна победа – изјави Муцунски.
Тој додаде дека одредени информации за нерегуларности ги гледа како дел од стратегија на СДСМ за изборниот пораз кој следи.
-Тоа е партија со многу проблеми и очекувано е да почне процес на реформирање. Нашата победа ќе биде чиста и јасна, а тоа за нас значи одговорност која не смееме да ја изневериме – нагласи Муцунски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио демантира дека ја напушта администрацијата на…
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера категорично…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Расте бројот на заболени од грип, Тетово…
Бројот на заболени од грип и заболувања…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…