Драмата продолжува: Мерко со поддршка на кандидатот на Мицкоски и Влен во Струга – дали е договорена амнестија?!

t

Осудениот за криминал и актуелен градоначалник на ДУИ во Струга, Рамиз Мерко, наведе дека нема да го поддржи кандидатот на НАИ за градоначалник на Струга.

И покрај оваа изјава, извори блиски до локалните политички структури во Струга тврдат дека Мерко веќе постигнал неформален договор за поддршка на кандидатот Менди Ќира на ВРЕДИ и ДПМНЕ во вториот изборен круг.

Во втор круг останаа да се тркаат Менди Ќира независен кандидат поддржан од ДПМНЕ и ВЛЕН и Арсим Далипи од Алијанса за Албанците.

На изборите во првиот круг во Струга Менди Ќира освои 9.934 гласа, додека пак листата на ДПМНЕ освои 5.749 гласа, а листата на ВРЕДИ 4.059 гласа, со што може да се увиди дека Менди Ќира освоил повеќе гласови од ДПМНЕ, за разлика од тие што ги добил од ВРЕДИ.

Мерко, кој е поврзуван со повеќе пресуди, истраги и обвиненија за корупција и злоупотреба на службената положба, останува значаен фактор во локалната политичка сцена. Поддршката од неговата криминална мрежа може да биде клучна за исходот на изборите во Струга, каде разликата помеѓу водечките кандидати е мала.

Извори брифираат дека е пазарена амнестија меѓу власта на Мицкоски и Рамиз Мерко. Изворите дополнија дека со оваа поддршка на осудениот Рамиз Мерко, тој си ја купува слободата од власта на ДПМНЕ и ВРЕДИ, бидејќи на товар му висат неколку пресуди кои се со условни казни, а дополнително има и други истраги и обвиненија за злоупотрба на службената положба кои се во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драмата продолжува: Мерко со поддршка на кандидатот…

Осудениот за криминал и актуелен градоначалник на…

Словенечката влада во криза поради смртта на…

Словенечката јавност е потресена поради трагичниот настан…

Салиу со aнализа: Кавгата со Биљал нема…

Овaa „кавга“ на Мицкоски има сосема други…

Обилни врнежи во Македонија, досега наврнаа 47…

Денешниот ден (недела 26 октомври) во нашата…

Мицкоски: Не сум за предвремени избори, но…

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…