Објавено на:

Мировните преговори меѓу Авганистан и Пакистан во Истанбул завршија без резултат

t

Мировните преговори меѓу Авганистан и Пакистан во Истанбул завршија без резултат, соопшти пакистанскиот министер за информирање Атаула Тарар, нарекувајќи го тоа удар за регионалниот мир по смртоносните судири овој месец.

Разговорите, со посредство на Турција и Катар, требаа да обезбедат траен мир поради конфликтите долж границата, каде што беа убиени десетици лица — најтешко насилство од доаѓањето на талибанците на власт во 2021 година.

Пакистанската страна ја обвини авганистанската дека избегнувала одговорност и не сакала да се обврзе дека ќе ги спречи пакистанските талибанци да дејствуваат од авганистанска територија. Авганистанските претставници, пак, тврделе дека немаат контрола врз нив.

Судирите ескалирале по пакистанските воздушни напади врз Кабул и други области, насочени кон водачот на пакистанските талибанци, по што талибанците возвратиле со напади на пакистански воени позиции.

Пакистанскиот министер за одбрана предупреди дека неуспехот на мировните разговори би можел да значи „отворен војна“. И покрај примирјето, во викендовите судири на границата биле убиени петмина пакистански војници и 25 милитанти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мировните преговори меѓу Авганистан и Пакистан во…

Мировните преговори меѓу Авганистан и Пакистан во…

Авганистан и Пакистан се согласија за прекин…

Авганистан и Пакистан се согласија на моментален…

Пакистански сили извршија воздушен напад врз талибаните…

Пакистан изврши воздушен напад врз талибански воени…

Трамп: Лоши работи ќе се случат ако…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му порача…

Трамп: САД размислуваат за повторно заземање на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал…