Сиљановска од Париз: Не може да избегаме од регионот, тој ни е судбина
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот.
Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог.
„Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е судбина, ова важи не само за нас кои се уште чекаме да станеме кандидати или да ги завршат некои држави преговорите со ЕУ, но и за оние коишто веќе се во ЕУ, а припаѓаат на нашиот регион”, изјави таа по завршувањето на сесијата, со којашто модерираше Мишел Дикло од „Институтот Монтејн”.
На сесијата таа говореше и за безбедносната состојба во Европа поради која не смееме да бидеме оставени во геополитички вакуум и го реафирмираше ставот дека проширувањето на Унијата е безбедносно, а не само прашање на проширување.
„Она што е чудно е што во 2019 година беа сменети правилата на играта среде игра, што е невообичаено ни за спортски натпревари, ниту пак во политички преговори, бидејќи беше воведена нова методологија”, вели Сиљановска-Давкова во изјавата.
Според неа од интерес за регионалната стабилност, регионалната демократија, но и за Европската Унија е, да гледа на регионот како на систем на врзани садови и да направи храбар чекор како оној во 2004 година, односно да покаже иновативност во креирањето на конечни решенија за т.н. Западен Балкан, како неразделен дел од Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…