Службеници од кумановско ќе одговараат за несовесно работење: Овозможиле на лице да користи два идентитети
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б.(56), Н.З.(41), Х.Е.(53) и В.П.(67) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата “.
Како што се наведува во полицискиот билтен, првопријавената, матичар во Управа за водење на матични книги во Лојане, општина Липково, постапила несовесно во вршење на своите овластувања и должности на начин што во матична книга на родени во село Лојане извршила дополнителен упис дека едно женско лице склучила брак со машко лице и го зела неговото презиме, по што второпријавениот во својство на матичар на 26.03.2024 издал извод од матична книга на родени за неа.
Третопријавениот, помлад советник во Одделение за управни работи Куманово го примил поднесеното барање за издавање на патна исправа, а четвртопријавениот во својство на виш советник за патни исправи во одделението во Куманово проценил дека се исполнети сите законски услови за вадење на пасош и го одобрил издавањето.
На тој начин, пријавените овозможиле на лицето да користи два идентитети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…
Од силен ветер падна парче лим од…
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…
Нов случај на затруено дете во Куманово,…
Уште еден нов случај на затруено дете…