Трагедија во Струмичко: Се преврте Пежо на сред пат, возачот загина на лице место
Четириесет и шестгодишен жител на струмичкото село Сушево почина на лице место откако со автомобило се превртел на патот Радовиш-Струмица.
Според информациите, несреќата била пријавена во полиција вчера околу 16:35 часот.
„Вчера во 16:35 часот во полицијата било пријавено дека на на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, кај клучката за селата Добрашинци и Нова Маала, автомобил „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.В.(46) од село Сушево, струмичко, се превртел на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Струмичко: Се преврте Пежо на…
Четириесет и шестгодишен жител на струмичкото село…
Тетовец возел со 3,94 промили алкохол во…
Лишен од слобода тетовец, управувал возило со…
Мајка, чиј син загина при уривањето на…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Реки од луѓе со 16-минутен молк им…
Денес во Нови Сад, студентите во блокадата…
Вучиќ ќе присуствува на помен и молитва…
Српскиот патријарх Порфирије ќе служи во храмот…