Објавено на:

Кипар испрати 940 тони хуманитарна помош за Газа

t

Хуманитарна помош од 940 тони што содржи прехранбени производи и опрема за засолништа, од Република Кипар беа испратени за Газа во рамките на кипарската иницијатива „Амалтиа“ за испраќање помош преку поморскиот хуманитарен коридор, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Кипар преку Икс информираа дека продолжува имплементацијата на проектот „Амалтиа“ во соработка со Обединетите Арапски Емирати, како и во координација со Канцеларија на Обединетите нации за проектни услуги и меѓународните партнери, вклучувајќи и другите земји-членки на Европската Унија.

Хуманитарната помош што тргна од Кипар во неделата пристигнала на пристаништето Ашдод.

– Хуманитарните резерви се состојат од прехранбени производи и опрема за засолништа и се додаваат на 27.000 тони хуманитарна помош која веќе е дистрибуирана во Газа. Од почетокот на спроведувањето на планот „Амалтиа“, залихите набавени од кипарскиот пазар надминуваат 3,1 милиони евра. Кипар ќе продолжи активно да придонесува во хуманитарниот сектор во координација со своите партнери и секогаш под покровителство на Обединетите нации, информираа од кипарското МНР.

Кипарската иницијатива „Амалтиа“ за поморски хуманитарен коридор за Газа беше воведена на средината на март минатата година со испраќање бродови со помош од Кипар за Газа. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Клиника за ин витро во Северен Кипар…

Клиника за ин витро во Северен Кипар…

Купувале коли за цена на велосипед: Бугарија…

Бугарија, како и Холандија, се дел од…

Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…

Одборот за мир – иницијативата предводена од…

Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…