Мицкоски: Имам добро мислење за Беким Сали, но Вреди нема да добие ресор плус
Вреди нема да добие ресор повеќе во владата откако Изет Меџити стана градоначалник повторно на Чаир тврди премиерот Мицкоски. За Беким Сали кој треба да дојде на местото на Меџити премиерот само додаде дека има добро мислење за него но тоа не значи дека коалицискиот партнер Вреди ќе добие повеќе министерства, а она на што остануваат фокусирани ќе биде конгресот на 6 декември, a потоа ќе се цртаат и контурите на реконструираниот владин состав откако претходно на ниво на влада ќе се разговара и за имињата.
Во врска со најавената реконструкција на владата од Влен веќе информираа дека Сали ќе биде прв вицепремиер кој доаѓа на местото на Меџити но не ја исклучуваа можноста и за министерството за животна средина да номинираат друг кандидат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Имам добро мислење за Беким Сали,…
Вреди нема да добие ресор повеќе во…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Левица: Државата остана без народен правобранител за…
ДРЖАВАТА ОСТАНА БЕЗ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ВРЕДИ…