Орбан: Додека Трамп е претседател нема да има санкции против Унгарија
Унгарскиот претседател Виктор Орбан денес изјави дека американските санкции за рускиот гас и нафта нема да бидат воведени врз Унгарија сè додека тој е премиер на земјата, а Доналд Трамп е претседател на Соединетите Американски Држави.
Тој рече дека се „ракувал“ со Трамп во врска со неопределеното ослободување на Унгарија од американските санкции за нафта и нагласи дека не е претерување да се каже дека „најважните преговори во годината досега“ штотуку се завршени, објави МТИ.
Тој додаде дека влоговите за Унгарија не можат да бидат поголеми и дека стапувањето во сила на американските санкции за руските енергетски извори ќе предизвика двојно до трикратно зголемување на трошоците за комунални услуги, а цените на бензинот ќе се зголемат за 2,5 евра по литар до Божиќ.
„Вистинска катастрофа. Успеавме да ја спречиме оваа опасност. Така унгарските семејства можат да го имаат Божиќ што го сакаат“, рече Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
Европската комисија предложи одблокирање 4,2 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека предложила одблокирање…
Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…
Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…
Од јахти и приватни авиони до десетици…
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата…
По 19 години стагнација: Минималната старосна пензија…
Од 1 јануари, најниската старосна пензија во…