Ако градоначалникот има докази за злоупотреби, нека ги достави до МВР или до Обвинителството, вели Коцевски
Ако градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, има докази за злоупотреби, документите да ги донесе во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство, порачува републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски за изјавите на Ѓорѓиевски за злоупотреби во јавните претпријатија кои ги открил откако стапи на функцијата.
-Во однос на изјавите на градоначалникот дека Јавното обвинителство треба да постапува по допрен глас, само ќе кажам дека тој како градоначалник и доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи, а тоа е МВР и да ги донесе тие документи, евентуално во Јавното обвинителство. И досега Јавното обвинителство така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму и доколку навистина има злоупотреби ние нема проблем, стоиме на располагање – рече Коцевски.
Ѓорѓиевски кажа дека до него пристигнала информација поткрепена со документи, која укажува на можни незаконитости во работењето на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, но и другите Јавни претпријатија.
Исто така кажа дека бројот на луѓе кои се отпуштени откако фигурирале на платните списоци, а не оделе на работа, надминал 500.
– Тоа значи пет милиони евра на годишно ниво, тоа се сериозни пари со кои досега ќе имавме лунапарк. За тоа се знаело и во минатото, но изгледа се немало храброст да се преземат чекори. Нема да имам толеранција кон никого за тоа, така беше и во општината што ја раководев – рече Ѓорѓиевски во гостувањето на „Сител“.
Најмногу вакви случаи имало во „Паркови и зеленило“ и во „Комунална хигиена“ но и во „Дрисла“, „Водовод и канализација“ и во сите други јавни претпријатија, како што тврди градоначалникот, имало такви вработени кои со месеци и години земале плата без да се појават на работните места.
Засега поранешниот директор на „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми е во притвор за несобирањето на ѓубрето во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…