Италија може да побара од Албанија што сака и ние ќе кажеме да, изјави Рама
На заедничката прес-конференција во Рим на албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка, Џорџа Мелони, не изостана прашањето околу камповите за мигрантите во Албанија, кои требаше да бидат транспортирани од Италија.
На прашањето на италијанскиот новинар, на телевизијата РАИ 3 дали се кае за договорот за бегалскиот камп, кој се чека веќе две години да профункционира, поради Европскиот суд на правдата и оној на италијанскиот суд, премиерот Рама одговорил дека кога станува збор за Италија, тој би го повторил истиот договор стопати, ако Италија го побара тоа.
Рама посочи дека тоа важи за Италија, но не и за другите држави.
– Италија може да побара од Албанија што сака и ние ќе кажеме да, истакна Рама.
Додека Мелони договор за мигранти го нарече „договор со длабок европски дух“.
– Протоколот што го потпишавме е договор со длабок европски дух, бидејќи го нагласува фактот дека миграцискиот феномен е општ европски феномен и може да се соочиме само благодарение на соработката меѓу земјите-членки на ЕУ, но и меѓу нив и другите земји надвор од ЕУ, наведе Мелони.
Во пристанишниот град Шенѓин изграден е прифатен центар, а во поранешната воена база Ѓадр бегалски камп, каде 36.000 мигранти годишно требаше да чекаат одговор од италијанските власти на барањето за азил. Во три наврати беа донесени околу 50 мигранти фатени во италијанските води, но веднаш беа вратени назад. Сега објектите се празни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија може да побара од Албанија што…
На заедничката прес-конференција во Рим на албанскиот…
Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро…
Центрите за обработка на барања за азил…
Албанија ги отвори сите кластери во преговорите…
Албанија го отвори и последниот 5-ти кластер…
Георгиева: Албанија меѓу земјите со најбрз економски…
Директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева…
Георгиевски: Браво за Албанија! – Бугарија е…
*Фејсбук објава на Љубчо Георгиевски Автопатот Блаце-Приштина-Тирана…