Денеска се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

t

Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна постела, ужалените верни го прашуваа кого го остава зад себе за архипастир на словесното стадо Христово. Болниот патријарх им рече: „Ако сакате да имате патријарх којшто ќе ве учи и ќе ви блеска со добродетел, изберете го Павле, а ако сакате да имате само убав човек и само однадвор украсен, изберете го Македониј“. Народот го избра Павле. Но, ова не им беше право на аријанските еретици ниту на царот Констанциј, којшто во тоа време беше во Антиохија. И наскоро го симнаа Павле и тој заедно со свети Атанасиј Велики побегна во Рим, каде што обајцата беа добро примени од папата Јулиј и од царот Констанс, коишто ги поддржаа во нивната православна вера. На писмо од царот Констанс и папата Јулиј, Павле го вратија на престолот, но кога умре овој цар аријанците кренаа глава и го протераа православниот патријарх во Кукуз во Ерменија. Во прогонство, свети Павле еднаш служејќи литургија беше нападнат од аријанците и удавен со омофорот, во 351 година. Во времето на царот Теодосиј неговите мошти во 381 година беа пренесени во Цариград, а во 1236 година во Венеција, каде што се наоѓаат и денес. Неговите омилени клирици и секретари Маркијан и Мартириј пострадаа наскоро после својот патријарх (се слават на 25 октомври).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…

НАТО помага во координацијата за Ормускиот Теснец,…

НАТО одржа видеоконференција со сојузниците за можен…