Погрешен е впечатокот дека Германија издвојува помалку од Македонија за правосудството, вели амбасадорката на Германија
Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, во интервју за 360 степени рече дека со загриженост ја следи дебатата во земјава за тоа колку треба да изнесува буџетот за правосудството, која се отвори по објавувањето на извештајот на Европската комисија за Македонија. Таа вели дека е погрешен впечатокот дека Германија издвојува помалку од Македонија за правосудството.
Во иавештајот на ЕУ за Македонија се констатира дека правосудството е финансиски зависно и под притисок на извршната и законодавната власт, но премиерот Христијан Мицкоски неколкупати порача дека нема намера да ги зголеми платите на судиите и обвинителите. Тој се повикува на анализа на буџетите за правосудството во европските држави за 2022 година, според која Македонија издвојува поголем процент од БДП за оваа намена од голем број земји членки на ЕУ.
„Впечатокот што изминативе денови можеби се појави кај некого во државата е дека Германија инвестира во правосудството помалку од Северна Македонија. Тој впечаток е погрешен. Мора убаво да се погледнат бројките. Ако ги споредите податоците кои Европската комисија за ефикасноста на правосудството ги доби како резултат на испитувањето во 2022 г., ќе видите дека Германија уште во тоа време инвестирала во правосудството пет пати повеќе по глава на жител од Северна Македонија”,вели Дрекслер за „360 степени”.
Таа нагласи дека ЕУ може да прими само нови членки кои континуирано работат на тоа владеењето на правото да биде загарантирано.
Премиерот Мицкоски вчера пак повтори дека не гледа причина да се зголеми буџетот за судството, затоа што, како што рече, Македонија одвојува од буџетот пари за правосудниот систем повеќе од 75 проценти од земји членки на ЕУ.
„Ние издвојуваме 0,39 проценти од нашиот БДП во 2022, замислете во 2023 и 2024 година БДП многу повеќе порасна отколку во 2022, да речеме Франција е 0,2, Германија е 0,3 проценти од нивниот БДП, просекот европски е отприлика 0,3, медијаната е помала 0,21 проценти”, изјави премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погрешен е впечатокот дека Германија издвојува помалку…
Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, во интервју…
Лавров: Изјавите на Мерц и Стуб покажуваат…
Изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
Германскиот МНР до Србија: Поддршката за Украина…
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…
Шефот на германската дипломатија во посета на…
Министерот за надворешни работи на Сојузна Република…
Писториус: Русија може да нападне членка на…
Русија евентуално може да нападне една од…