Сиљановска-Давкова се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ – разговарано за надминување на предизвиците со кои се соочуваат земјите на патот кон ЕУ
Традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и разбирање и заедничкa стратешка цел за членство во ЕУ ги карактеризираат македонско-црногорските односи, беше заклучокот на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во Цетиње.
Претседателите разговараа за европската перспектива на Западниот Балкан, предизвиците со коишто се соочува секоја од земјите на интегративниот пат, како и за можностите за нивно надминување.
Посочувајќи дека Црна Гора е земја-предводник во преговарачкиот процес со ЕУ, Милатовиќ изрази силна поддршка за секој направен исчекор во македонските интеграции.
Денешното заедничко учество на Балканскиот форум за интеграција 2025, за него е препознавање на европскиот интерес за регионот и одлична можност за споделување на искуствата.
Како поборничка на регионалниот пристап во евроинтеграциите преку меѓусебна соработка и поддршка, претседателката ја потенцираше важноста од градење добрососедски односи со отворен и искрен дијалог, со избегнување на ветото.
Сиљановска-Давкова укажа дека сѐ додека од нас се бара исполнување на дополнителни услови, надвор од Копенхагенските критериуми, ќе постои опасност од непочитување на основните вредности и принципи на ЕУ, без коишто таа се сведува на политичка и бирократска машинерија.
На средбата, Сиљановска-Давкова упати покана за возвратна официјална посета на Милатовиќ на земјава, што тој со задоволство ја прифати.
Двајцата претседатели во Цетиње го посетија Музејот на Крал Никола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…