Македонија се соочува со раст на ХИВ/СИДА – Статистиката на ИЈЗ е алармантна
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави податоци за бројот на заболени и починати од ХИВ/СИДА во 2025 година, пред Светскиот ден за борба против СИДА на 1 декември. Иако бројот на нови случаи е намален за 25,5% во однос на лани, Македонија бележи поголема инциденца во однос на светскиот просек, со 2,1 заболени на 100.000 жители (светскиот просек е 5,3 на 100.000).
До 27 ноември се регистрирани 38 нови случаи, а починале 8 лица. Најголем дел од новозаболените (n=15) се од Скопје, каде инциденцата изнесува 2,5/100.000 жители, додека останатите се спорадични случаи во 14 градови низ Македонија. Еден случај е странски државјанин.
По градови, смртните случаи се распределуваат вака: двајца од Скопје, двајца од Охрид, двајца од Струмица, еден од Прилеп и еден странец. ХИВ/СИДА случаи се регистрирани и во Тетово, Прилеп, Виница, Струга, Кочани, Пробиштип, Гостивар, Велес, Делчево, Куманово, Кичево, Битола и Крива Паланка.
Од регистрираните случаи во 2025 година, 37 се машки, а еден женски пол. Просечната возраст на новозаболените е 35 години, со опсег од 23 до 64 години, при што 73,7% се на возраст од 20 до 39 години. Според веројатниот ризик за инфекција, пет лица се регистрирани со хетеросексуална трансмисија, а 29 лица се од МСМ популацијата.
Македонија е земја со ниска преваленца на ХИВ – од 1987 до 2025 година се регистрирани 726 случаи, но 32% од сите случаи се регистрирани во последните пет години, што покажува нагорен тренд во последниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…
Доктор Здравески од ИЈЗ: Ако излегувате надвор…
Ако надвор е 39 степени, клима уредите…
(Документи) Седум години се криело дека водата…
Водата во Гостивар не била за пиење…
Децата и адолесцентите добиваат бесплатно психолошко советување…
Во државата денеска официјално започна со работа…
Исчезнал кабел од 15.000 евра, потрошени 50.000…
Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле…