Скандал во клиничкиот центар Тетово: Полицијата го истражува случајот
На 28.11.2025 година во 12:20 часот во СВР Тетово А.Ј.И.(27) од с. Долно Палчиште пријавила несовесно лекување на болни и фалсификување на службена исправа, против М.Е.А. вработена во одделот на Гинекологија при Клиничка болница Тетово. Според пријавеното на 22.11.2025 година, таа отишла во болница каде била на лекување во одделот поради компликации со бременоста и на 24.11.2025 година била отпуштена дома со дадена соодветна терапија но не и бил даден медицински извештај.
Истиот ден пријавителката имала спонтан абортус и се обратила во истото одделение каде друг лекар и кажал дека во евиденцијата стои дека претходно имала абортус и била соодветно третирана, иако кога била отпуштена и било кажано дека бебето е добро. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Ѓорѓиевски: Нуркачот Бартломиеј Питала – почесен граѓанин…
Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна…
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…
Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…