Синот на газдата на „Пулс“ имал суицидни мисли: Во пожарот ги изгубил девојката и најдобриот пријател

t

Правната нелогичност на обвинителниот акт е неспорна, во случајот за Михаил Јованов се највоочливи, за кого обвинителството не прибавило ни еден доказ, ниту едно дејствие на сторено кривично дело – изјави бранителката на осудениот Михаил Јованов, Ивана Гоцева.

Сите ние знаеме дека товарот на докажување во постапката паѓа на страна на застапникот на обвинението, наспроти правото на одбраната која може да се брани со молчење и да нема должност да ја докажува својата невиност пред судот. Вака се ставаме во ситуација да мора да ја докажуваме неговата невиност пред овој суд, или да молчиме и судот да одлучи по начелото in dubio pro reo, но не можеме да се ослониме на таква теза.

Сметам дека конкретниот случај носи големи предизвици кој треба да цени многу нејасни дејствија и образложенија.

На прашањето зошто Михаил Јованов е меѓу обвинетите, одговорот е затоа што е син на газдата Дејан Јованов.

Одбраната смета дека ОЈО ја довело јавноста во заблуда со предавање на дел од доказите во јавноста и обавување на истите од страна на медиумите.

  • За Михаил јавноста си дозволи да изнесува секакви факти што дополнително му ги наруши и физичкото и психичкото здравје, Михаил таму ја загуби десетгодишната девојка Бојана со која планираше да гради семејство, го загуби и најдобриот пријател. Михаил работеше со психолози и психијатри за да ги отфрли суицидните мисли, наведе одбраната.

Одбраната наведе дека не постои ниту еден доказ дека од 2020 до 2025 година, истиот учествувал на било каков начин во работата на правното лице, ниту бил било кога формален сопственик.

  • Кај обвинетиот апсолутно не се исполнети битните елементи на кривичното дело. Во периодот од 2017 до 2021 година Јованов бил редовен студент на УКИМ, каде и престојувал, а потоа отворил сопствена фирма за дистрибуција „Карго бит ДООЕЛ Кочани“ каде фигурира како сопственик или управител, наведе одбраната и најави докази за сега кажаното.

Одбраната предложи сведоци, вработени во фирмата на Михаил.

  • Михаил Јованов не може да се наведе како одговорно лице, бидејќи никогаш не бил ни сопственик, ни управител, а Дејан никогаш не му предал овластување за преземање на работи во име и за сметка на фирмата. Фактот дека бил гостин и присутен во клубот, тоа не значи и дека бил одговорен за работата на клубот, наведе бранителката и додаде „Како и на кој начин Михаил Јованов бил должен да презема мерки за заштита во објект кој не е негов“.

Обвинителството го терети Михаил Јованов за уште едно дело, иако станува збор за исто кривично дело, ова е мултиплицитет и е незаконски недозволиво, наведе одбраната и додаде „ОЈО му става на терет на Михаил дека заедно со Владимир Блажев и Дејан Јованов договориле настан на ДНК, дека наводно заеднички договориле употреба на пиротехнички средства во затворен простор. На Михаил му се става на товар дека сторил кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Одбраната наведе дека Михаил Јованов не договарал настап, ниту знаел за пиротехниката, бидејќи истиот не бил таму кога пиротехниката е внесена, а истиот не ни морал да знае за овие активности затоа што не е одговорно лице.

  • Прашувам, кое конкретно дејствие на загрозување го преземал Михаил Јованов за да настане последицата, пожарот во локалот? – праша одбраната и додаде дека како доказ имаат предложени видео-снимки на надзор, со кои ќе докажат дека на 15.03.2025 истиот бил во својата фирма, а Михаил Јованов за првпат влегол внатре во клубот во 2 часот и 5 минути по полноќ.

Поради сето ова ќе се дојде до заклучок дека за кривичните дела не се исполнети битните елементи, заврши бранителката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не знаел дека ќе биде дискотека“ –…

Сметаме дека во обвинението не се разјаснети…

Синот на газдата на „Пулс“ имал суицидни…

Правната нелогичност на обвинителниот акт е неспорна,…

„На сите рацете ни се крвави зашто…

Бранителот на Митко Стојанов и Стојанчо Димитриев,…

Газдата на „Пулс“: Не би дозволил никакви…

Откако сите обвинети за трагедијата во ПУЛС…

„ДЕЈАН ЈОВАНОВ НЕ Е МОНСТРУМ, ТУКУ ЧОВЕК…

Откако сите обвинети за трагедијата во ПУЛС…