Путин: Русија не сака војна, но ако Европа ја сака – подготвени сме
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не сака војна со европските земји, но дека, доколку Европа посака конфликт, Русија е веднаш подготвена за борба.
Путин оцени дека европските партнери поставуваат услови за можен мировен договор за Украина што Москва ги смета за „апсолутно неприфатливи“, пренесува Хина.
– Немаме намера да водиме војна со Европа, но ако Европа тоа го сака и започне, ние уште овој момент сме подготвени, изјави рускиот претседател пред новинарите, во пресрет на средбата со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во Москва.
Рускиот лидер ги обвини земјите од Европската Унија дека се обидуваат да ги поткопаат американските напори за ставање крај на војната во Украина.
– Тие немаат мировен план, тие се на страната на војната, оцени Путин
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…