Трамп: Војната во Украина е „хаос“ и тешка за решавање
Претседателот на САД Доналд Трамп, во разговор со новинарите пред денешниот состанок на Кабинетот во Вашингтон, изјави дека војната во Украина е „хаос“ и оти не е лесна ситуација за решавање.
– Се обидуваме да го решиме тоа. Јас решив осум војни. Ова би била деветта, а нашите луѓе се во Русија во моментов за да видат дали можеме да ја решиме, рече Трамп.
– Не е лесна ситуација, да ви кажам. Каков хаос, додаде тој.
Неговата изјава доаѓа додека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во државна посета на Ирска, на еден настан во Даблин рече дека брзината на мировните преговори – и интересот на САД за преговорите – му даваат причина за оптимизам.
„Малку оптимизам, според мене, беше (пронајден) поради одредена брзина на преговорите и интересот од американската страна“, рече украинскиот претседател.
„Тоа покажа дека Америка сега не се повлекува од каков било дипломатски начин на дијалог и тоа е добро“, заклучи Зеленски.
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер во моментов имаат средба со рускиот претседател Владимир Путин, на која разговараат за мировниот план предложен од САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…