Одбраната на Јанчески: Ќе докажеме дека на ниту една од илјаднците страници на обвинението нема доказ дека нашиот клиент го сторил делото што му се става на товар
Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.
Бранители на Јане Јанчески, адвокат Јовица Страшевски
Сите тука денес сме дојдени во интерес на вистината, но иако ги извршуваме одредени професии, сите сме луѓе и би замолил на претседателот на Советот, онака како што доликува, да оддадеме едноминутно молчење за трагично загинатите во почит нивна и на нивните семејства, доколку тоа го дозволува Претседателот.
Најпрвин сакам да истакнам дека во дејанијата на мојот штитеник, Јане Јанчески, не се консумирани елементите на кривичното дело кое му се става на товар и не се содржани елементите на законското битие на предметното кривично дело кое му се става на товар дека заедно со другите обвинети сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност.
Како негов бранител би предложил и да се ослободи од обвинение кое нешто ќе го докажеме во текот на постапката.
Не може сите обвинети со ваков опис и правна квалификација на делото, сите да се извршители на исто, сите да имаат преземени исти дејствија, сите да се извршители на исто кривично дело, тешки дела против општата сигурност, а притоа да нема поврзани докази, да нема кој кое дејствие го извршил
Тука пред вас како суд, но и пред мојот клиент, имам тешка задача, која искрено со ваков обвинителен акт и докази да објаснам и да дојдам до некој разумен и конретен заклучок бидејќи логичен заклучок од описот на обвинението према него, нема.
Обвинителниот акт на ЈО 180/2025 не е јасно наведено какви дејствија во поглед на кривичното дело кое му се става на товар и кое од тие дејствија по својот карактер претставуваат исполнување на битието на кривичното дело, кое му се става на товар на Јанчески, а особено кои дејствија конкретно ги презел обвинетиот.
Јанчески ниту предизвикал општа опасност, ниту при градежни работи, ниту оштетил заштитни уреди, ниту предизвикал оштетување на јавни иснталации, тоа е описот на кривичното дело тешки дела протов општата сигурност.
Диспозитивот на обвинителниот акт е контрадикторен, нејасен, непрецизен и претставува акт на умсилено, свесно и хаотично извртување на вситината во поглед на обвинетиот Јане Јанчески, со единствена цел пред судот и јавноста да се создаде заблуда за фактите кои го чинат самото битие на кривичното дело .
Обвинителството има погрешно утврдено фактичка состојба во однос на сторување на кривичното дело кое се става на товар на Јане Јанчески.
Во однос на обвинителниот акт, како одбрана не ни беше дадено да извршиме увид, но ни беа доставени дел од доказите и не ни беше дозволено целосно да ги видиме сите докази во предметот, како исказите, како и доказите кои беа прибавувани во текот на истражната и предистражната постапка.
ЧЛ. 321 предвидува дека со обвинителниот акт сите докази се доставуват до обвиентиот и до неговиот бранител, во овој случај не е така. За да не бидеме повторно како бранители искарани од страна на ОЈО дека тоа треба ние самите да го сториме со увид, обврска е на ОЈО да ги достави сите докази, не само листа. Од наведените докази во обвинтиелниот акт, а бидејќи во фаза на воведен говор имавме спојување и измена, тргнување и додавање на дел од доказите, за кои на секоја расправа дополнително ЈО доставува листи кои треба ние да ги видиме, се доведува во прашање и основното право на одбраната и обвинеитите како да ја состават нивната одбрана.
Од наведените докази во обвинтиелниот акт, ниту еден не упатува на наводите и околностите кои му се ставаат на товар на Јане Јанчески дека презел било какво дејствие кое би го потврдило основниот, посебнио и квалификуваниот облик кое му се става на товар, ниту се содржани суштествени елементи на кривичното дело.
Во обвинителниот акт е несјасно со кого обвинетиот Јанчески го сторил кривичното дело, кога, со кого соработувал од обвинетите, за кое обвинителството во листата на докази не понуди ниеден доказ од дадените до нас, а доколку сето ова би било јасно расчистено и документирано во овој обвинителен акт, ќе имало поткрепа јасно да се расчистат сите наведени работи во обвинителниот акт, а бидејќи тоа е нејасно, останува да се констатира дека сето тоа е само претпоставка, но врз основа на претпоставки не може да се темели обвинение за наводно сторено кривично дело, за што сметаме дека обвинителниот акт не требало да биде поднесен поради непостоење на докази спрема Јанчески.
Ако го погледнеме обвинителниот акт и се она што е наведено во него, покрај првиот впечаток каде се наведени сите обвинети и нивните генералии, барањата за притвор, сето тоа понатака претставува еден расказ, приказна и општо напишано дека Јанчески со некого сторил кривично дело тешки дела против општата сигурност без да се наведат конкретни дејствија кој со кого, кога, кое време и место и на кој начин и обем го направил тоа.
Со сигурност може да потврдиме и тоа ќе го докажеме, дека Јанчески не презел дејствија со било кој од обвинеитте, а кои дејствија само паушално се опишани во обвинителниот акт и со сигурност може да потврдиме дека Јанчески ни соработувал, ни поттиканл некој од обвинетите да стори кривично дело, а најмалку придонел да се изврши кривичното дело тешки дела против општата сигурност.
Нејасно е какво противправно дејствие презел Јанчески во насока на остварување на битните елемнти на кривичното дело. Можеме со сигурност да потврдиме дека Јанчески ниту бил ниту учествуавл во овој трагичен настан.
За да може да го разбереме сите доказот и неговиот поим би кажал една деиниција, а тоа е дека доказот што е појак од разумен сомнеж, не значи дека е ослободен од секаков сомнеж, обвиненијата се докажуваат надвор од основано сомнение, што не е случај. Не е почитувана пресумпцијата на невиност, ОЈО Кочани има поднесено обвинителен акт на 13.06 до основниот суд Кочани , а потоа на 02.07 до Основен кривичен суд Скопје.
Спорна е надлежноста на ОЈО Кочани, дека ЈО Кочани е основано и може да дејствува на подрачјата на основните судови во Кочани и Виница. Јавно знаеме дека Основниот кривичен суд од страна на Врховниот суд доби делегирана надлежност, но до ден денес до нас не е достгавен документ за делегирана надлежност на Обвинителството Кочани и на останатите обвинители за постапување по овој предмет.
Согласно член, 295 од ЗКП, ЈО е должен а погоден начин да го извести бранителот, оштетениот или осомничениот за местото и времето на извршуавање на истражните дејствија на кои и ние треба да присуствуваме, спротивно на ова ЈО ниту еднаш ни при испитување на сведоци, иако тоа го побаравме, не бевме известени како одбрана за да на истите присуствуваме.
Одбраната поради неприсуството на овие истражни дејствија е оневозможена активно да учествува и да поставува соодветни забелешки на вештите лица и на осомничените во нивните искази.
Во текот на истражната постапка ЈО е должен да собере и докази кои одат како на товар, така и во прилог на обвинетиот, ЈО не само што не прибавил докази во прилог на обвинетите, туку и дел од истите тие докази не се ни приложени, на таков начин обвинетиот Јане Јанчески беше сослушан во својство на осомничен, но не и на обвинет, што е битна повреда на постапката
Од сето погоре наведено, а врз основа на обвинителниот акт кој е поднесен, ќе ги сублимираме сите решавачки факти кои се битни за оваа работа и ситуација и докаите за невиноста на Јанчески кои ги имаме доставено, а и правните прашања оставаме да ги дискутираме во нашата одбрана.
Судот реагираше дека сите обвинители имаат делегирана надлежност да постапуваат за предметот и овластувањата се законски.
Другиот бранител на Јанчески наведе:
Во дополнение на она што беше изложено од мојот колега Страшевски накратко ќе го изнесам мојот воведен говор. Долго време размислував за зборовите кои ќе го означат почетокот, дали да биде профилирање на Јанчески, дали да ги наредам неговите животни достигнувања, придонес кон заедницата, совесност…
Сепак одлучив во еден дел јавноста да го запознае вистинскиот Јане Јанчески. Овој човек со целата своја доблест не може да биде виновен за делото што му се става на товар. Денес и на секоја следна расправа одбраната ќе докаже дека на ниту една од илјаднците страници на обвинението нема ниту еден доказ дека мојот клиент го сторил делото што му се става на товар.
Одбраната со телеолошко толкување на законот ќе ја демистифицира одговорноста на приватните агенции за обезбедување.
Одбраната точно ќе ги разграничи различните видови на приватно обезбедување, карактеристики, задолжениеја на вработени и сопственик односно управител.
Дали овој обвинет во услови на непостоење на договор за физичко обезбедување со правното лице каде се случи трагедијата, ниту еден траг за контакти со Пулс, треба да седи денес на оваа клупа. Одбраната ќе докаже дека не може да се утврди каузалитет на постапувањето на Јане Јанчески. Со доказите ќе се демистифицира отсустото на било каква улога на овој обвинет во контекст на оваа трагедија, на сите ќе им стане јасно дека Јанчески не е ништо друго освен сопственик и управител на средно правно лице, со уредно постапување, пријавиени работници, уредно исплаќани плати и почитување на работнички права. При непостоење на договор за физичко обезбедување, на обвинетиот му се става на товар дело како пи постоење на таков договор.
Одбраната ќе докаже какви права и обврски имаат припадниците на обезбедувањето. Барам од вас и покрај начинот на којшто профилот, личноста на Јане Јанчески е опишан во обвинението, да имате отворен ум и да дозволите да ја задоволиме правдата.
На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.
Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.
Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одбраната на Јанчески: Ќе докажеме дека на…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
Одбраната на екс-градоначалникот на Кочани: Папазов не…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
Одбраната на екс-градоначалникот Илиев: „Нема докази, немал…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
Екс градоначалникот на Кочани, Димитриовски: Единствено јас…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
(Видео) Родителите со транспарент пред судницата во…
Денеска продолжи судењето за трагедијата во кочанската…