В сабота 32. „Марш за ангелите“ во Кочани
Во сабота ќе се одржи уште еден „Марш за ангелите“ во Кочани, организиран од родителите на децата кои загинаа во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Семејствата на загинатите во „Пулс“ и Здружението „16 март 2025 – Кочани“ в сабота, 6. декември со почеток од 14:05 часот ќе го организираат 32. „Марш за ангелите“.
Колоната ќе тргне од Паркот на Револуцијата во Кочани, ќе се упати кон Трговскиот центар, а оттаму кон Управата за јавни приходи. Потоа ќе продолжи кон Полициската станица, Основниот суд и ќе заврши на почетната позиција.
Организаторите ги покануваат сите граѓани кои даваат поддршка на барањето правда и вистина за трагедијата да им се придружат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
В сабота 32. „Марш за ангелите“ во…
Во сабота ќе се одржи уште еден…
„Тој само удираше печати на рака“: Одбраната…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
„Рибата смрди од главата, а овде се…
Бранител на Ивица Грозданов, Звонко Давидовиќ: Катастрофата…
Одбраната на Јанчески: Ќе докажеме дека на…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
Одбраната на екс-градоначалникот на Кочани: Папазов не…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…