Трансплантација на коска од починат донор: Две деца добија шанса за побезболен живот!
На Клиниката за ортопедија беа успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти, кои ја потврдуваат значајноста на органското донорство и напредокот во детската ортопедија.
Првата интервенција беше извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалото. Хируршката процедура овозможи стабилна корекција, а пациентката веќе се врати на своите секојдневни активности, што ја демонстрира ефикасноста и безбедноста на ваквите интервенции. Операцијата ја предводеа научен соработник д-р Ненад Атанасов и асистент д-р Милена Богојевска Доксевска, заедно со тимот составен од хирурзи, анестезиолози и средно-медицински персонал, вклучувајќи д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска.
Втората трансплантација се изведе кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. По успешната операција, пациентот е испишан во добра здравствена состојба и го очекува рехабилитација. Тимот предводен од проф. д-р Зоран Божиновски, заедно со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска, со помош на средно-медицински кадар Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска, обезбеди безбедна и квалитетна интервенција.
Користењето на кадаверични коскени трансплантати значително го подобрува процесот на лечење во детската ортопедија. Тоа овозможува избегнување на нова хируршка рана, намалување на болката и спречување на дополнителни деформации, додека интервенциите стануваат побезбедни и пократки.
„Донорството спасува и менува животи. Благодарение на семејствата кои даруваат и на тимовите кои посветено работат, денес имаме две млади лица кои добиваат шанса за подобар и побезболен живот,“ истакна националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска.
Министерството за здравство изрази искрена благодарност до двата медицински тима и до семејствата на донорите, истакнувајќи ја нивната хуманост и важноста на трансплантологијата во спасувањето на животи и подобрувањето на квалитетот на животот кај децата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…