Индија нема да се откаже од руската нафта и покрај американските тарифи
Кремљ денеска соопшти дека Индија ќе продолжи да купува руска нафта се додека тоа ѝ е „корисно“, неколку дена по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Њу Делхи.
– Индија останува суверена држава и ги врши трговските операции каде што ѝ е корисно, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг со новинарите.
Коментарите на Песков дојдоа како одговор на прашање дали Индија ќе продолжи да набавува енергенси од Русија, и покрај одлуката на Вашингтон да воведе 50-процентни царини на индискиот увоз, делумно поради купувањата на руска нафта за време на војната во Украина.
Песков посочи дека Путин во Њу Делхи разговарал со премиерот Нарендра Моди и изразил подготвеност Москва да ѝ обезбеди на Индија непречени испораки на гориво. – Колку што разбираме, нашите индиски партнери ќе продолжат со оваа линија за да ги заштитат своите економски интереси, додаде Песков.
Тој нагласи дека Индија ги смета новите американски мерки за „неправедни и неразумни“, истакнувајќи дека САД во исто време продолжуваат да увезуваат „ураниум хексафлуорид за својата нуклеарна индустрија, паладиум за индустријата за електрични возила, како и ѓубрива и хемикалии“ од Русија.
Песков, исто така, се осврна на односите меѓу Русија и САД, велејќи дека Москва гледа можности за обновување на билатералните односи со Вашингтон доколку се отстранат „иритантите“ во нивните односи.
Тој, исто така, коментираше за новата стратегија за национална безбедност на американската администрација, изразувајќи ја загриженоста на Русија за можните измени во документот под идните администрации.
– Секако ги цениме нијансите што ги гледаме во новиот концепт. Тој зборува за потребата од дијалог и градење конструктивни, позитивни односи, додаде Песков.
Во неговата вчерашна изјава, тој рече дека новиот документ е „во голема мера во согласност“ со визијата на Русија, додавајќи дека Москва очекува тој да биде „скромна гаранција“ дека ќе може да продолжи конструктивно да соработува со САД за да се најде решение за војната во Украина.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја објави својата стратегија за национална безбедност минатата недела, во која ги дефинираше приоритетите за надворешна политика и одбрана.
Документот нагласува дека постигнувањето „брз“ крај на повеќе од три и полгодишната војна меѓу Русија и Украина е „основен интерес“ на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Индија нема да се откаже од руската…
Кремљ денеска соопшти дека Индија ќе продолжи…
Стармер: Мировниот договор за Украина мора да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Даунинг…
Мицкоски нема да присуствува на анкетната комисија…
Утре на пладне стартува седницата на постојаната…
Трамп: Володимир Зеленски „не е подготвен“ да…
Американскиот претседател Donald J. Trump изјави дека…
(Фото) Нови шокантни детали на британските медиуми:…
Македонија ќе добива финансиска помош за секој…