„Без Турција, ќе се удавевме во нелегална миграција“: Орбан вели дека „животот во Европа би бил неподнослив без политиките на Ердоган“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес, за време на посетата на Анкара, изјави дека Европа ќе „се удави во нелегална миграција ако не беше Турција“.
„Стотици илјади луѓе се запираат на турските граници секоја година, а милиони се спречени да продолжат кон Европа. Унгарија стои со Турција за да се препознаат достигнувањата на Анкара“, наведе Орбан на платформата X.
Тој особено му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за запирањето на нелегалните мигранти.
„Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на претседателот Ердоган за неговата миграциска политика. Ако Анкара не ја заштитеше Европа и не беше бариера за Унгарија од југ, животот во Европа ќе беше неподнослив. Турција го запре сето тоа и во име на Унгарија ви благодарам“, рече Орбан.
За време на посетата, Турција и Унгарија потпишаа неколку договори во областа на воздухопловството, безбедноста, технологијата, културата и образованието.
Постигнат е договор за формирање на Заедничка група за планирање – механизам што треба да овозможи поинституционализиран пристап кон билатералните и глобалните прашања.
Амбициозната цел за обемот на трговијата меѓу Турција и Унгарија беше обновена – од претходните шест милијарди на цел од 10 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…