Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
Соединетите Американски Држави(САД) ѝ нудат на Украина „корејско сценарио“ за мир со Русија и брз пристап во Европската Унија(ЕУ).
И покрај тврдокорниот пристап на американскиот претседател Доналд Трамп, неговите преговарачи развиваат план кој би можел да послужи како основа за мирно решение во Украина, објавува „Вашингтон пост“. Планот предвидува корејски модел за одвојување на завојуваните страни, заштита на суверенитетот и безбедноста на Украина, нејзино приклучување кон ЕУ уште во 2027 година, враќање на нуклеарната централа „Запорожје“ и економско закрепнување со користење на американски, европски и замрзнати руски средства.
Украински функционери потврдија дека се дискутираат три документи: мировен план, безбедносни гаранции и план за економско закрепнување. Главните идеи вклучуваат: Украина да се приклучи на ЕУ во 2027 година, САД и Европа да обезбедат безбедносни гаранции, Русија да нема вето врз суверенитетот на Украина, воспоставување демилитаризирана зона слична на Северна и Јужна Кореја, враќање на нуклеарната централа „Запорожје“ и привлекување инвестициски фондови за економско закрепнување. Планирано е да се искористат и замрзнатите руски средства за обнова на земјата.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари во 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…