„Кој е следен“: Упадот во редакцијата и новинарите на „Инфомакс“ е напад на целата јавност и на демократијата

t

По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во живо во емисијата „Тешки Муабети“, голем број на колеги новинари, политичари и политички партии и граѓански здруженија излегоа во јавноста со поддршка за „Инфомакс“ и осуда за нападот.

Граѓанското здружение „Кој е следен“ излезе со осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

„Нападот врз редакцијата на Инфомакс не е изолиран инцидент, туку логична последица на долгогодишната политика на омаловажување, дискредитација и омраза кон неистомислениците што ја практикува овој систем. Медиумите се столбот на демократијата и слободата, па така секој физички напад, како овој врз Инфомакс, или онлајн координираните напади врз Слободен печат, претставуваат директен удар врз нашето право на информирање, мисла и слобода на изразување.

Упадот во редакцијата и новинарите на Инфомакс е напад на целата јавност и на демократијата. Како иницијатива даваме целосна поддршка на целиот тим на Инфомакс, Слободен печат и сите медиуми со кои безброј пати оваа година чекоревме по истите улици во борбата за правда.“

„Независните и слободоумни медиуми се нашите најголеми сојузници и поддржувачи во борбата за вистината.“

Од граѓанското движење апелираат, реториката на омраза да престане, a институциите ефикасно да ја заштитат слободата на медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кој е следен“: Упадот во редакцијата и…

По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во…

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз редакцијата на…

По синоќешниот брутален упад во редакцијата на…

Левица со реакција по нападот врз редакцијата…

По вчерашниот напад кој се случи врз…

МВР го лиши од слобода лицето кое…

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го…

ЗНМ со реакција по бруталниот напад врз…

По вчерашниот брутален напад врз редакцијата на…