Мамдани: Нападот во Сиднеј е одвратен чин на антисемитски тероризам
Нападот врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, во кој загинаа 12, а 29 лица беа повредени, е „одвратен чин на антисемитски тероризам“, изјави денес новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите и целата еврејска заедница.
„Уште една еврејска заедница е во жалост, а празникот на светлината е претворен во ден на темнина. Нападот на плажата Бонди е најновата и најстрашна манифестација на растечкото насилство врз Евреите низ целиот свет“, рече Мамдани во објава на социјалната мрежа X.
Градоначалникот на Њујорк додаде дека многумина повеќе не се чувствуваат безбедно да бидат тоа што се, јавно да ја практикуваат својата вера или да се молат во синагоги без обезбедување.
„Тагувам за оние што беа убиени и ќе се молам за нивните семејства, еврејската заедница и движењето Хабад. Нека спомените на сите убиени бидат благослов“, заклучи Мамдани.
Најмалку 12 лица беа убиени, вклучувајќи го и еден од двајцата напаѓачи, а 29 други беа повредени во пукотница врз членови на еврејската заедница кои се собраа да го прослават празникот Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, според најновите податоци, објавија претходно австралиските медиуми, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…