Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан пред почетокот на седницата на Комитетот за европски прашања во Парламентот во Будимпешта на Фејсбук (Facebook) објави дека се подготвува за претстојниот Самит на Европската Унија во Брисел.
-Влогот е едноставен: војна или мир. Никогаш не сме биле толку блиску до решавање на руско-украинската војна. Европа е на прагот на огромна можност: САД наскоро може да ја завршат војната што ние Европејците не можевме да ја решиме четири години. Не можеме ништо друго освен да ги поддржиме, истакна Орбан.
Според него, Европа ќе ја продолжи војната на бојното поле и „ќе ја интензивира во економската сфера со конфискација на замрзнат руски имот“. Орбан истакна дека тоа е „еквивалентен на отворена објава на војна и руската страна ќе возврати“.
-Немаме причина да ја менуваме унгарската позиција. Војната не може да се одлучи на фронтовската линија. Мора да го направиме она што го прави американскиот претседател Трамп: да преговараме, посочи Орбан.
Тој потенцира дека „Унгарија нема да ја поддржи конфискацијата на замрзнатите руски средства, нема да испраќа пари или оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ“.
Според Орбан следува „турбулентна недела“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…