Рејтингот на Трамп падна под 39 проценти
Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп опадна во последните денови на речиси најниско ниво во неговиот сегашен мандат, бидејќи гласачите од Републиканската партија се незадоволни од водењето на економијата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ипсос, објави британската агенција Ројтерс на својата веб-страница, пренесе „Ројтерс“.
Тридневната анкета, која заврши во неделата, покажа дека 39 отсто од возрасните Американци ја одобруваат работата на Трамп, што претставува пад во однос на 41 отсто регистрирани претходно во декември.
Најнискиот рејтинг на Трамп од 38 отсто беше забележан во средината на ноември, што беше најниското ниво оваа година.
Републиканскиот лидер се врати на власт во јануари со рејтинг од 47 отсто, но неговата популарност оттогаш опаѓа, особено во однос на управувањето со економијата.
Неодамнешното блокирање на финансирањето на сојузната влада го наруши собирањето податоци за американската економија, но многу економисти сметаат дека работодавачите го намалиле вработувањето поради царинските мерки на Трамп за увоз.
Само 33 отсто од возрасните Американци изјавиле дека го одобруваат начинот на кој Трамп управува со американската економија, што е најниската оценка на претседателот по тоа прашање оваа година.
Трамп победи на минатогодишните претседателски избори благодарение на ветувањето дека ќе ја подобри економијата, која претрпе висока инфлација под поранешниот демократски претседател Џозеф Бајден.
Меѓутоа, инфлацијата остана постојано покачена и под Трамп, останувајќи близу три отсто и над стапката од два отсто што аналитичарите ја сметаат за поздравa за економијата.
Анкетата, која беше спроведена онлајн, ги собра одговорите на 1.016 луѓе ширум земјата и имаше маргина на грешка од три процентни поени, додаде Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рејтингот на Трамп падна под 39 проценти
Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп опадна…
Филипче по изборот на новото раководство: Ние…
Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р…
Предупредувачки бојкот во Управата за матични книги…
Граѓаните на Тетово кои денеска дојдоа во…
Вака се прави држава! СПАК бара од…
Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал…
Киев: Сојузниците обезбедија 10 милијарди долари воена…
Сојузниците го поддржаа украинското производство на оружје…