Сите од Западен Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ, вели Муцунски
Помалку гледање кон минатото, а повеќе кон иднината бидејќи тоа е она што може да не обедини. Генералната порака што верувам дека треба да ја испратиме е дека ние на Западниот Балкан треба да работиме заедно. Ова го кажа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на синоќешниот настан во Брисел насловен „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци…“, а кој беше под покровителство на еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Во своето обраќање, Муцунски потенцираше дека процесот на пристапување не е за една или две земји, туку цел која треба да ја оствари целиот регион заедно.
„Ниедна држава во регионот не треба да биде изолирана од полноправно членство во ЕУ. Од нас зависи да работиме врз основа на стандарди, критериуми и да гледаме кон иднината“,вели Муцунски.
Тој вели дека тоа не мора да се случи во исто време бидејќи системот не функционира така, но додаде оти таму треба да бидеме заедно.
Настанот беше посветен на чествување на културното богатство, разновидноста и европската иднина на Западниот Балкан, со посебен акцент на една од најсимболичните традиции во регионот – уметноста на правење на вино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…